Заврши Летната школа за мултимедиски технологии, оваа година насловена „Диоген 3.0 - Детекција на луѓе во затворен простор“. Школата организирана од Институтот за електроника се одржа во периодот од 25.09.2024 до 02.10.2024.
На натпреварот, девет студенти на додипломски студии формираа пет тимови со најмногу три члена. Во текот на школата, студентите се запознаа со мултимедиски технологии, компјутерско гледање и длабоко учење, подобрувајќи ги теоретските знаења и практичните вештини. Секој тим се соочи со предизвикот да тренира невронска мрежа за детекција на луѓе, која беше тестирана на видеа од затворени простории со повеќе луѓе со различни големини и степени на прекриеност.
Финалето се одржа на последниот ден од летната школа, каде студентите презентираа резултати врз пет интересни видеа во кои самите играа главни улоги. Победниците беа објавени на 9-ти октомври, по што следеше церемонија за доделување награди, прослава и неформално собирање во локално кафе, каде учесниците, организаторите и предавачите ги разменија впечатоците за искуството.
Победници на натпреварот се Верица Спасовска и Ангел Иванчов. УРА за победниците!
Сребрен медал: Миа Спироска и Никола Бансколиев Бабаљ.
Бронзен медал: Цветанка Билбилоска и Елена Тодорова.
Behind the scenes фотографии од текот на натпреварот и доделувањето на наградите погледнете овде.
10/22/2024 - 14:00
ДИПтим со задоволство објавува дека Мартина Петровска, член а нашиот тим, магистрираше на програмата Мултимедиски технологии! Нејзиниот труд насловен "Реконструкција на 3Д модел од 'рбет со користење на слики од магнетна резонанца" се фокусира на анализа на биомедицински слики. Трудот носи значаен придонес во собирање и анализа на податоци и алгоритми за сегментација на MRI, со што ја демонстрира нејзината експертиза и посветеност во полето.
Честитки Мартина! Ти посакуваме успех во натамошните предизвици!
30/09/2024 - 13:00
Пријавете се на летната школа за мултимедиски технологии, која ќе се одржи во периодот 25.09.2024 - 02.10.2024.
Во програмата се опфатени предавања за дигитална обработка на слика и звук и анализа на слика со методи од машинско учење од страна на професори на ФЕИТ, и презентација на практични проекти базирани на презентираните методи. Со летната школа имате можност за стекнување на вештини за обработка на сигнали и употреба на невронски мрежи за анализа на слика, со практична работа во Python.
Летната школа има и натпреварувачки карактер, односно евалуација на успешноста на сработените проекти.
Со завршувањето на школата ви следуваат 1,5 ЕКТС кредити.
Пријавете се овде.
Погледнете ја темата на школата, предвидената задача во повеќе детали овде.
Погледнете ја деталната програма на школата овде.
16/09/2024 - 10:34
Заврши Летната школа за мултимедиски технологии, оваа година насловена „Диоген 2.0 - Детекција на луѓе во затворен простор“. Школата организирана од Институтот за електроника се одржа во периодот од 25.09.2023 до 30.09.2023.
Во натпреварот учествуваа 16 студенти на додипломски и постсипломски студии, групирани во 6 екипи од по 2 или 3 члена. Во рамките на активностите на школата студентите се стекнаа со проширени теоретски и практични знаења во областите на мултимедиски технологии, машински вид и длабоко учење. Секоја екипа изработи своја верзија на невронска мрежа за детекција на луѓе и алгоритам за постпроцесирање на резултатите.
На последниот ден од школата беше организиран натпревар на кој студентите си ги одмерија силите. Алгоритмите беа тестирани на 6 видеоснимки во кои актери беа 6-те екипи на натпреварувачи. Натпреварот беше изедначен и победата неизвесна. Прогласувањето на победниците беше направено на 4 октомври, по што сите учесници, заедно со организаторите и предавачите, беа поканети на забава и неформално дружење во едно од локалните кафулиња.
Победници на натпреварот се Благоја Савевски, Иван Јовановски и Јован Стојковски. УРА за победниците!
На второ место со 3% разлика во точност се Тијана Петковска и Филип Бојаџиевски.
На трето место со разлика од 7% се Ана Софрониевска и Кристијан Данов.
Фотографии од организаторите, учесниците и победниците погледнете во прилог.
Behind the scenes фотографии од текот на натпреварот и доделувањето на наградите погледнете овде.
09/10/2023 - 14:00
Пријавете се на летната школа за мултимедиски технологии, која ќе се одржи во периодот 25.09.2023 - 30.09.2023.
Во програмата се опфатени предавања за дигитална обработка на слика и звук и анализа на слика со методи од машинско учење од страна на професори на ФЕИТ, и презентација на практични проекти базирани на презентираните методи. Со летната школа имате можност за стекнување на вештини за обработка на сигнали и употреба на невронски мрежи за анализа на слика, со практична работа во Python.
Летната школа има и натпреварувачки карактер, односно евалуација на успешноста на сработените проекти.
Со завршувањето на школата ви следуваат 1,5 ЕКТС кредити.
Пријавете се овде.
Погледнете ја темата на школата, предвидената задача во повеќе детали овде.
Погледнете ја деталната програма на школата овде.
12/09/2023 - 15:34
Тимот 3DIPTeam составен од студентите Јован Камчев, Симона Тошеска, Ивона Мирческа и Тиана Пауноска освои сребрен медал на овогодинешниот Image Matching Challenge организиран од Goggle Research (48мо место од вкупно 494 тимови на Kaggle платформата).
Во време кога секој мобилен телефон содржи вградена камера со висок квалитет, мобилните телефони се главен извор на фотографии кои го документираат светот. Кога станува збор за познати знаменитости, постојат многу фотографии од истата локација направени од различни луѓе и во различни услови. Со комбинирање на сите фотографии од еден објект, може да се создаде комплетен 3Д приказ на објектот.
Целта на натпреварот беше прецизна реконструкција на 3Д сцена од множество фотографии од повеќе различни погледи, растојанија, светлосни и временски услови. Преку истражување и модификација на претходни решенија за екстракција и спарување на клучни точки во сликите и формирање на 3Д облак од точки, студентите развија алгоритам за реконструкција на 3Д сцена со кој го освоија сребрениот медал на натпреварот.
Честитки за успехот!
10/06/2023 - 09:00
Заврши Летната школа Мултимедиски Технологии организирана од Институтот за електроника и поддржана од ФабЛаб, се одржа во периодот од 26.09.2022 до 01.10.2022.
Во рамките на активностите на школата студентите од завршните години се стекнаа со проширени теоретски и практични знаења во областите на мултимедиските технологии и машинскиот вид.
Во последните денови од школата беше организиран и натпревар на тема детекција на луѓе во затворен простор, на кој студентите ги применија стекнатите знаења и се здобија со практични искуства во имплементација на длабоки невронски мрежи.
За натпреварот учесниците беа поделени во пет екипи од по 2 или 3 члена и секоја екипа изработи своја верзија од детекторот на луѓе, кој потоа беше тестиран со видеоснимките снимени од сите 5 екипи. Натпреварот беше изедначен и победата неизвесна, бидејќи сите екипи вложија голем труд во изработките.
Прогласувањето на победниците беше направено на 3 октомври, по што сите учесници, заедно со организаторите и предавачите беа поканети на забава и неформално дружење во едно од локалните кафулиња.
04/10/2022 - 09:00
Пријавете се на летната школа за мултимедиски технологии, која ќе се одржи во периодот 26.09.2022 - 01.10.2022.
Во програмата се опфатени предавања за дигитална обработка на слика и звук и анализа на слика со методи од машинско учење од страна на професори на ФЕИТ, и презентација на практични проекти базирани на презентираните методи. Со летната школа имате можност за стекнување на вештини за обработка на сигнали и употреба на невронски мрежи за анализа на слика, со практична работа во Python.
Летната школа има и натпреварувачки карактер, односно евалуација на успешноста на сработените проекти.
Со завршувањето на школата ви следуваат 1,5 ЕКТС кредити.
Пријавете се овде.
Погледнете ја темата на школата, предвидената задача во повеќе детали овде.
Погледнете ја деталната програма на школата овде.
12/09/2022 - 11:34
The conference LEOS2022 (Summer Symposium on Electronics and Signal Processing 2022) will be held on June 24 and 25 in Hotel Panorama in Krushevo. This year, the Institute of Electronics organizes this conference in honor of three of our colleagues who celebrate 75 years of life and work, they are prof. Sofija Bogdanova, prof. Ljupcho Panovski and prof. Goce Arsov. Welcome as authors or listeners, through science and socializing to pay tribute to our doyens.
23/06/2022 - 14:35
Во септември 2016 г. имавме особена чест да го пречекаме проф. Хироја Фуџисаки, професор емеритус на Универзитетот во Токио, Јапонија, еден од врвните светски истражувачи во областа на интонацијата. Во рамките на неговата посета професорот одржа серија од три предавања.
Првото предавање беше одржано на 21.09.2016 г. на затворањето на летната школа „Мултимедиски технологии“, со наслов „Интеракцијата меѓу психологијата, физиката и фонетиката во создавањето на тонски обележја во говорот на различни јазици“. Во него, професорот зборуваше за деталите околу начинот на кој се генерира интонацијата од различни аспекти и го претстави својот модел за интонација, познат како модел на Фуџисаки. Предавањето го следеа околу 25 присутни слушатели во Салата за конференции при ФЕИТ. Слајдовите од предавањето може да ги најдете овде.
Второто предавање проф. Фуџисаки го одржа на 22.09.2016 г. како пленарен предавач на Меѓународната конференција ЕТАИ 2016 организирана од Здружението за ЕТАИ и Факултетот за електротехника и информациски технологии на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонија. Во него под насловот „Принципи и дизајн на интелигентен систем за достава на академски информации преку говорен диалог човек-машина“, професорот зборуваше за неговите искуства добиени во рамките на голем научно-истражувачки проект кој тој го предводел во Јапонија. Слајдовите од ова предавање може да ги најдете овде.
Третото предавање „Проблеми и перспективи во процесирањето на говорни јазици“ беше организирано од здружените оддели ED/IM/SSC (електронски компоненти, инструментација и мерења, полупроводнички кола) и SP/EMB (процесирање на сигнали и инженерство во медицината и биологијата) од македонската секција на IEEE, а се одржа на 26.09.2016 г. во салата за состаноци на ФЕИТ. Во него беше презентиран концептот на „говорен јазик“ како контраст на терминот „пишан јазик“. Проф. Фуџисаки дополнително ја дефинира областа „Процесирање на говорни јазици” во која здружено се анализира говорот од аспект на сигнал и од аспект на код. Апстрактот од предавањето и кратката биографија на предавачот може да ги најдете овде, а слајдовите овде.
Серијата на предавања на проф. Фуџисаки во Македонија и Србија беа поддржани од Меѓународната асоцијација за говорна комуникација (ISCA) во која тој е Истакнат предавач за периодот 2016-2017, Здружението за ЕТАИ, како и здружените оддели ED/IM/SSC (електронски компоненти, инструментација и мерења, полупроводнички кола) и SP/EMB (процесирање на сигнали и инженерство во медицината и биологијата) од македонската секција на IEEE.
До следното видување,
Бранислав Геразов
11/10/2016 - 08:46
Пријавете се на летната школа „Мултимедиски технологии“, која ќе се одржи во периодот 12.09.2016 - 16.09.2016.
Во програмата се опфатени предавања за дигитална обработка на звук, говор, слика и видео од страна на професори на ФЕИТ и популарни предавања за дигиталното креирање на мултимедиска содржина. Со летната школа имате можност за стекнување на вештини за обработка на сигнали со практична работа во Матлаб.
Летната школа е предвидено да има и натпреварувачки карактер, односно евалуација на успешноста на сработените проекти.
Со завршувањето на школата ви следуваат 1,5 ЕКТС кредити.
Пријавете се овде.
Погледнете ги темите на школата и предвидената задача овде.
Погледнете ја деталната програма на школата овде.
09/06/2016 - 23:30
На 17.05.2016 г. беа одржани предавањата „Биофидбек - принципи и апликација“ од д-р Силвана Марковска-Симоска и „Предизвици и аспекти на изградбата на електроенцефалограф“ од м-р Силвер Куусик.
Во првото предавање беа презентирани светските достигнувања во употребата на техиниките на биофидбек за препознавање и терапија на низа психофизиолошки пореметувања, особено врзани со стресот, како и успесите од 20 годишната примена на овие техники во Македонија. Во второто предавање беа презентирани предизвиците во дизајнот и реализацијата на уреди за ЕЕГ, со посебен фокус кон реализација на уреди за домашна употреба со висок квалитет, а ниска цена, во склоп на движењата отворен хардвер и отворен софтвер. Предавањата ги следеа околу 25 присутни слушатели во Салата за конференции при ФЕИТ.
Апстрактите од предавањата и кратката биографија на предавачите може да ги најдете овде и овде.
Слајдовите од предавањето може да ги најдете овде и овде.
До следното видување!
Бранислав Геразов
05/20/2016 - 18:16